До сега се мислеше дека ловечките успеси на најголемиот гуштер на планетава се должат на бактериите што се насобираат во неговата уста и му помагаат во убивањето на пленот. Научниците од Австралија открија оти Комодо крие тајна која е далеку пострашна…
До сега се мислеше дека ловечките успеси на најголемиот гуштер на
планетава се должат на бактериите што се насобираат во неговата уста и
му помагаат во убивањето на пленот. Научниците од Австралија открија
оти Комодо крие тајна која е далеку пострашна.
Научниците во Сиднеј, користејќи магнетна резонанца и редица други тестови, откриле дека Комодо змејот поседува еден од најефективните отрови, налик на змискиот отров. Отровот на гуштерот кој достигнува должини и до 3 метри и тежини преку 70 килограми е толку моќен што одеднаш предизвикува силни стомачни грчеви, рапиден пад на крвниот притисок и хипотермија. Како бонус, отровот има антикоагулантски ефект. Кога сè ќе се собере заедно, животно каснато од овој ловец, нема апсолутно никакви шанси да побегне.
Комодо змејовите се ендемски за индонезиските острови и се хранат со поголеми цицачи, помали гуштери и птици, но се случувало да нападнат и луѓе. Еден индонезиски рибар беше искасан до смрт од Комодо змеј во март, кога отишол на еден од помалите острови, со намера да улови примерок од загрозениот вид гуштери. Затоа, доколку некогаш планирате да заминете на одмор во Индонезија, внимателно со овие „гуштерчиња“.