Тачи: Сега не е време за уцени, не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграцискиот процес

Со добар дијалог треба да се постигне договор за уставните измени. Нема друг пат да се деблокира интеграцискиот процес, изјави претседателот на ДПА – Мендух Тачи, пред лидерската средба во Собранието.

Прашан дали и тие имаат услови, како што имаат другите партии од албанскиот блок, Тачи рече дека отстранувањето на формулацијата „20 проценти“ од Уставот бил нивен предлог, но дека „сега не е време за уцени“.

„Јас секогаш викам дека сум полош од сите, не ме ставајте во такви формулации. Јас не знам кои се тие останати политички партии на Албанците. Ако мислите дека тоа е БЕСА, за мене тие се сѐ уште дел од коалицијата со СДСМ. Да, тоа е нашиот предлог. Многу е лошо кога книгата вие ја пишувате ќе ја предава некој друг на универзитет. Тоа е крадење платформа, крадење на една идеја. Мислам дека е време да се разговара веќе јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава“, рече Тачи, но додавајќи дека сепак сега не е време за услови и за уцени.

Прочитајте и:  Герапетритис: Од раководството на Северна Македонија гледаме јасни прекршувања на Договорот од Преспа

Според него, „не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграцискиот процес“, без оглед дали тие (противниците) се многу или малку на број.

„Јас разговарав со господинот Ахмети за оваа тема, ќе продолжиме да разговараме, но ние немаме никаков услов. И тоа треба многу јасно да се кажува. После ќе раговараме, исто како што разговаравме со господинот Ахмети, и со нашиот коалиционен партнер и со македонската опозиција. Имаме јаки аргументи, но не е моментот да се воспоставуват услови или рокови. Ова е многу поголем процес од ова другото“, рече оцени Тачи.

Извор: МИА

- Реклама -