„ Мојот дечко по потекло е Евреин, а јас сум Либанка. Минатата недела бевме на одмор, а наш пријател за овековечи оваа фотографија“, ја започнува приказната Муслиманката, Суломе Андерсон, која со години живее и работи во Палестина.Како што вели Сулома и Џереми, кој што е од Израел, со фотографијата на која што се бакнуваат сакаат да пружат поддршка на малку познатата иницијатива „Евреите и Арапите одбиваат да бидат непријатели“.
Суломе ја ставила фотографијата на Фејсбук и Твитер, но не не очекувала дека ќе стане толку популарна на Интернет.
Има и такви кои што ги критикуваат во коментари – некои ја нарекуваат ку*рва, а други и говорат дека им се гади од неа.
– На почетокот се каев што ја објавив, но сега, откако фотографијата стана хит, мислам дека можам да влијаам барем малку да се промени светот. Сфатив дека нема потреба да се плашам, истакнува таа.