СЗО: Во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис изјави дека во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање ако здравствениот систем не се подобри.

Таа го опиша колапсот на болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа како трагедија и изрази загриженост поради приведувањето на медицинскиот персонал од страна на израелските сили.

„Поради пренатрупаноста во јужниот дел на Газа и лошите санитарни услови, се шират болести како дијареа, респираторни и кожни инфекции, вклучително и шуга“, изјави Ричард Бренан, регионален директор на СЗО за итни случаи во регионот на источниот Медитеран, пренесува Ал Џазира.

МИА

Прочитајте и:  ОН: Речиси 100 камиони со хуманитарна помош ограбени во Газа
- Реклама -