Во Газа е неизбежна катастрофа по јавното здравје, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО) поради масовното раселување на населението во областа, како и огромните штети на инфраструктурата.
Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, предупреди на опасноста од смрт на многу цивили кои не се директно поврзани со израелското бомбардирање.
-Ова е неизбежна катастрофа на јавното здравје и се заканува масовно раселување, пренатрупаност во одредени делови, оштетување на водоводната и санитарна инфраструктура, изјави Линдмајер за новинарите.
Здравствените власти во Газа соопштија дека повеќе од 8.300 Палестинци се убиени од почетокот на израелските воздушни напади врз енклавата под раководство на Хамас.
Портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер, пак, предупреди на ризикот од смрт на доенчиња поради дехидрација.
-Значи, смртта на децата, особено на доенчињата, од дехидрација е се поголема закана, рече тој, додавајќи дека многу деца се разболуваат затоа што пијат солена вода.
Околу 940 деца се сметаат за исчезнати во Газа, рече Елдер, додавајќи дека упатените мислат дека некои од нив се заглавени под урнатините. Тој раскажа и дека некои од децата страдаат од траума или потешка форма на стрес.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања претходно денеска извести дека вчера од непознати причини е прекинато водоснабдувањето во јужниот дел на Појасот Газа.
Линдмајер повика на испорака на гориво во Газа, бидејќи само така може да се овозможи продолжување на војната во фабриката за бигор вода.
Израел го блокираше Појасот Газа и одбива да дозволи пристигнување на резерви на гориво, објаснувајќи дека Хамас може да ги користи за воени цели.
МИА