СЗО: Вакцинацијата не треба да биде услов за патување во странство

Женева, 6 август 2021 (МИА) – Патувањето во странство не треба да подлежи на задолжителни барања за вакцинација против коронавирусот, изјави на денешниот редовен брифинг на Светската здравствена организација, портпаролот Тарик Јашаревиќ.

-СЗО јасно стави до знаење од самиот почеток дека не веруваме дека вакцината треба да биде услов за меѓународни патувања, рече Јашаревиќ.

„Причината за ваквата позиција е фактот што досега во светот немаше еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 и не треба да се додава уште една дискриминаторска мерка за луѓето кои немаат таков пристап“, рече Јашаревиќ.

СЗО, истовремено, го поддржува воведувањето „сертификати за дигитална вакцинација и работи на технолошките решенија за интероперабилноста на сертификатите што денеска се користат“.

- Реклама -