СЗО: Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа

Речиси две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат поради масовното и смртоносно зголемување на израелските воздушни напади на територијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Вкупно 46 од 72 здравствени установи, вклучително и 12 од 35 болници, престанаа да функционираат низ Газа, соопшти СЗО.

Палестинските здравствени власти соопштија дека недостигот на електрична енергија и гориво за генераторите поради израелската блокада, како и штетата од воздушните напади, принудиле многу објекти да затворат.

Здравствениот систем во Појасот Газа „доживеа целосен колапс поради израелската војна“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа Ашраф ал-Кудра.

Тој рече дека 65 медицински лица се убиени, а 25 амбулантни возила се уништени во израелските воздушни напади од 7 октомври.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

– Дванаесет болници и 42 здравствени домови беа принудени да запрат со работа. Стравуваме дека уште многу ќе прекинат со работа во наредните часови поради недостиг на гориво, изјави претходно денеска портпаролот на Министерството за здравство во Газа.

– Деца, жени и старци сочинуваат околу 70 отсто од жртвите, рече Ал-Кудра, додавајќи дека околу 1.550 луѓе се пријавени за заробени под урнатините, вклучувајќи 870 деца.

МИА

- Реклама -