СЗО предупреди на „многу значително“ враќање на вирусот во 11 земји… Погодувате?

Европа бележи пораст на бројот на случаи на Ковид-19 на неделно ниво за првпат во последните месеци, кое е резултат на олеснување на рестрикциите, алармираше денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Во 11 земји, забрзаната трансмисија на вирусот доведе до „многу значително ново избувнување“ на Ковид-19 изјави регионалниот директор на СЗО – д-р Ханс Клуге, додавајќи дека со недели зборувал за ризиците од повторно враќање додека земјите ги прилагодуваат мерките и дека неговите предупредувања станале реалност.

Ако овие порасти се остават без да се реагира, алармираше тој на денешната виртуелна прес-конференција, здравствените системи би можеле да бидат (одново) „притиснати до самиот раб“.

 

Како што пренесува BBC, овие 11 земји подоцна беа наведени од СЗО, a тоа се: Ерменија, Шведска, Молдавија, Северна Македонија, Азербејџан, Казахстан, Албанија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Украина и Косово.

И покрај порастот забележан во овие земји, Клуге додаде дека СЗО очекува смирување на ситуацијата во најголем дел од земјите во текот на летото. Сепак, посочи, земјите ќе треба да се подготват за есента:

„Но мораме, навистина, да се подготвиме за есента, кога Ковид-19 може да се здружи со сезонскиот грип, пневмониите и другите болести, исто така, бидејќи во крајна линија вирусот сѐ уште активно циркулира во нашите заедници и не постои ефективен третман, нема ефективна вакцина, сѐ уште“, рече тој.

 

- Реклама -