Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека израелска воена офанзива врз Рафа во јужниот дел на Газа ќе предизвика „несогледлива катастрофа“ и ќе го доведе здравствениот систем на енклавата поблиску до раб на колапс.
– Воените активности во оваа густо населена област, се разбира, би биле несогледлива катастрофа и дополнително би ја прошириле хуманитарната катастрофа до незамисливи размери, потенцираше Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО за Газа и Западниот Брег.
Тој додаде дека воените активности ќе го зголемат товарот на целосно преоптоварениот здравствен систем кој е веќе „на колена“ и ќе го турнат „на работ на колапс“.
Пеперкорн истакна дека способноста на СЗО да дистрибуира медицинска помош во Газа е ограничена бидејќи голем број од нејзините барања за набавки се одбиени.
Тој потенцираше дека од ноември само 40 отсто од мисиите на СЗО во северниот дел на Газа добиле одобрение од израелските власти, а таа бројка е значително намалена од јануари.
– Сите овие мисии се одбиени, спречени или одложени, рече Пеперкорн, додавајќи дека е „апсурдно“ што се одобрени само 45 отсто од барањата на СЗО за мисии во јужна Газа.
Израел претходно негираше дека блокира влез на помошт во палестинската енклава.