Секоја четврта бременост завршува со абортус, покажуваат пресметките на Светската здравствена организација и Институтот “Гутмахер”, пренесува ВВС. Извештајот покажува дека секоја година во целиот свет се прават по 56 милиони абортуси. Оваа бројка е многу повисока од она што се сметаше досега.
Според истражувачите, во последните 15 години процентот на абортуси е намален во многу богати земји, но во посиромашните зони не се забележани промени.
Експертите повикуваат на нов пристап во политиките за заштита од бременост.