Повеќето од нас се приклучуваат на интернет и гледаат телевизија со цел што повеќе да дознаат за овој грип, но некои вести и факти се позастапени од другите. Проблемот е што тоа најчесто се ПОГРЕШНИТЕ вести и факти. Па, дали знаеме се што треба за свинскиот грип, или само мислиме дека знаеме? Со други зборови – дали треба да се плашиме од свинскиот грип?
Слично сценарио се претпоставува дека се случило и со свинскиот грип. Според Global Research, сајт раководен од канадски центар за истражување, можно е овој вирус да бил создаден во лабороторија и проширен со цел да создаде пандемија. Овој сајт дури и има докажано дека една фармацевтска компанија манипулирала со вирус во минатите години. Значи, ништо ново. И ништо тешко.
Треба да знаете:
– Грипот може да се префрли од свиња на свиња, од свиња на човек, од човек на човек и од човек на свиња.
– Најчест начин за луѓето да го фатат грипот е ако бидат во контакт со луѓе кои веќе го имаат.
– Нема вакцина за свинскиот грип. Се уште се работи на неа.
Најчести прашања:
Колку е безбедно да јадам свинско?
– Безбедно колку што и било отсекогаш. Јадењето свинско може да предизвика болести, но само ако месото е расипано. H1N1 вирусот не се пренесува преку храна. Тој е респираторен вирус, се пренесува од човек на човек.
Дали маските навистина можат да ме заштитат?
– Па, и да и не. Нормално е дека да се носи маска е подобро отколку ништо, но бактериите на вирусот можат да се протнат речиси секаде. Најдобар начин за превентива е почесто миење на рацете и да сте на растојание од барем 100цм од другите луѓе.
– Да се пренесе од животно на човек и потоа од човек на човек е ретка вештина која еден вирус може да ја „научи“. Ова го прави свинскиот грип H1N1 ПОТЕНЦИЈАЛНО опасен и загрижувачки. На птичјиот грип, на пример, таа вештина не беше доволно развиена.
Се крева голема фама за овој грип бидејќи може да се пренесе од човек на човек, па медимуите само сакаат да ни кажат дека тој постои, дека е овде. Но, експертите, како Andrew Pekosz, професор по микробиологија и имунологија во Балтимор, вели дека нема потреба да се заклучувате дома. Како прво, случаите надвор од Мексико воопшто не се различни од обичниот сезонски грип. Моментално никој не знае зашто е тоа така.
[[2009_flu_pandemic | Свински грип пандемија 2009]]