Светско првенство во фудбал за хомосексуалци

gayssoccАргентинскиот главен град Буенос Аирес оваа недела ќе биде домаќин на
едно необично првенство, Светско првенство во фудбал за хомосексуалци,
кое за прва пат во својата десетгодишна историја се одржува во Јужна
Америка.


gay_world_cupАргентинскиот главен град Буенос Аирес оваа недела ќе биде домаќин на едно необично првенство, Светско првенство во фудбал за хомосексуалци, кое за прва пат во својата десетгодишна историја се одржува во Јужна Америка.

На првенството ќе учествуваат 28 екипи, а учесниците велат дека доаѓаат на турнирот првенствено поради дружење, додека прогласувањето на победникот и поделбата на трофеите е во втор план.

Во случај да не е јасно за какво првенство се работи, песната која ќе го отвори турнирот е на Мадона „Hung up“.

„Тука станува збор за пријателство и забава. Ние само уживаме“, кажа Дејвид, еден од учесниците, инаку голман на лондонскиот Титанс.

И додека искусните екипи од Европа, Канада и САД инсистираат на рекреацискиот аспект на ова необично првенство, јужноамериканските екипи, кои се дебитанти инсистираат на спорт.

„Нас играта ни е поважна од забавата. Возбудени сме бидејќи прв пат учествуваме на ваков турнир“, изјави Чилеанецот Роналдо Муњоз.

И додека некои аргентински играчи настапуваат во аргентинските клубови, многумина штотука дојдоа во Буенос Аирес и пред почетокот на турнирот отидоа да го гледаат Бока Јуниорс.

Сите сакаат да ја истакнат хомосексуалната заедница и ја поздравуваат можноста сликата за хомосексуалците да не се врзува за ноќните клубови и промискуитетот.

Поголем дел од екипите сами го платија патот, додека Чилеанците се среќни што владата ги спонзорираше. Инаку, најстар хомосексуален клуб е Рамблерс од Њујорк, основан 1980 година. виа.

[www.iglfa.org]

- Реклама -