Светскиот ден на цртањето одбележан во Рамстор Мол

ТЦ Рамстор Мол во соработка со компанијата Staеdtler заедно со дечиња од повеќе основни училишта од Скопје,  вчера (6 мај) го одбележаа Светскиот ден на цртањето.
Околу 60 деца уживаа во програмата која за нив ја подготвија организаторите, но и ги истакнаа своите уметнички способности.

Повеќе од 1 милион деца насекаде низ светот  го празнуваат 6 мај денот на цртањето преку создавање на прекрасни цртежи преку кои ја искажуваат својата креативност.
ТЦ Рамстор и Staеdtler како благодарност за учеството во кампањата на малите креативци им доделија подароци кои ќе им помогнат и во иднина да создаваат прекрасни уметнички дела.

IMG_3451 IMG_3362 IMG_3326

- Реклама -