Многумина во светот ја немаат таа привилегија да користат електрична енергија. Но сега, со новата соларна светилка, на повидок е драстична промена во нивните животи, како и животите на сите останати.
Многумина во светот ја немаат таа привилегија да користат електрична енергија. Но сега, со новата соларна светилка, на повидок е драстична промена во нивните животи, како и животите на сите останати.
Електричната енергија ни е постојано на располагање, што воопшто не ни размислуваме што би правеле без неа. Но, според Американското министерство за енергија, речиси две милијарди луѓе живеат без електрична енергија. Кога Сонцето заоѓа, луѓето кои живеат без електрична енергија не можат само да да го вклучат прекинувачот. Тие или живеат во темница или горат фосилни горива за светлина, како на пример газијата.
Стивен Катсарос создаде соларна светилка, која се надева дека ќе им помогне на овие луѓе, а и ќе придонесе за почист и побезбеден свет. Nokero светилката има големина и форма како и традиционалната светилка. Но внатре, во пластичната водоотпорна обвивка има 5 лед диоди кои можат да светат до 4 часа, кога се потполно полни. Сѐ што треба е да се изложи на Сонце преку ден и четирите фотогалванските панели кои се надворешната страна од светилката ќе ја наполнат заменливата АА батерија.
„Ова не е само светилка, туку е и безбедносен уред“ вели Катсарос. Согорувањето на газијата создава карбон монооксид и други материи што ја загадуваат животната средина, па вдишувањето на издувните гасови од ламбите е еднакво на пушење две кутии цигари дневно. „Речиси еден милион луѓе годишно умираат од пожари предизвикани од газија“ напоменува Катсарос. „Тука не се смета големиот број изгореници“.
Катсарос дошол на идеја за концепт на ваква светилка во јануари. Откако идеата веќе почнала да зазема форма како вистински производ, тој ја напуштил својата работа како агент за патентирање и целосно се фокусирал на промоцијата на неговата идеја.
Иако камперите и планинарите покажуваат голем интерес за производот, Катасарос е фокусиран на тоа Nokero да стигне во земјите кои се во развој и оштетените области. „Се обидуваме да ги смалиме трошоците, па така 2.8 милијарди луѓе во светот кои заработуваат помалку од 2 долари дневно ќе можат да си го дозволат ова“.
Во САД светилката сега се продава по цена од 15 долари, па сѐ уште е недостапна за земјите во развој. Но, Катсарос вели дека цената драстично ќе се намали кога ќе се произведуваат големи количини. Тој уште додава: „Секоја Nokero светилка самата ќе се исплати за помалку од 5 месеци, кога сопственикот ќе нема веќе потреба да купува газија“. [Out of the darkness with a solar-powered light bulb]