Сусамот го намалува холестеролот и го зајакнува имунитетот

Сусамот традиционално се уопотребува за лекување на разни нечистотии на кожата, а за внатрешно лекување како лаксатив и тоник. Листовите се богати со состојки кои ефикасно лекуваат и детски болести, како колера, дијареа, дизентерија и тегоби во мочниот меур. Коренот традиционално се употребува за лекување астма и кашлица.

sesameseed5

Антиоксидативното дејство на маслото од сусам слободно може да се спореди со маслиново масло. Со сместувањето на маслото од сусам во секојдневната употреба ги спречуваме последиците на аутоинтоксикација, ги уништуваме слободните радикали, а воедно претставува и антиоксиданс на масните киселини. Ја спречува тврдата столица, бактериите во организмот и на кожата, ја поттикнува работата на кожните хормони, ја штити кожата од сончевите зраци, ја лекува сувата и ја чува чувствителната кожа, особено на пушачите.

Прочитајте и:  Студија на Харвард: Ова се најбогатите протеински намирници што треба да ги јадеме

Sesame-flower

Маслото од сусам е одлично за масажа, кај укочените зглобови, врат, главоболка и реума. Помага и во лекување на црниот дроб, бубрезите, желудникот, слабиот раст на косата, остеопорозата и кариесот. Семките од сусам се добар извор на витамин Е, па се препорачува на доилките за посилно лачење на млеко и за децата во развој.

crock-pot-honey-sesame-chicken_small2-1024x687

Покрај тоа, семето ги зајакнува нервите, ја поттикнува работата на срцевите мускули, го спречува гноењето, создава одбранбени материи против рак, ги уништува габите и се употребува во диетата кај дијабетичарите. Сусамовото семе се употребува и за лекување на хемороиди и разни чиреви.

 

- Реклама -