Сурова одмазда на изневерената девојка на познат рагбист

Рагбистот Курис Сиронен го стресе скандал, откако неговата веќе поранешна девојка го фатила како ја изневерува.

Таа го фотографирала „местото на злосторството“ и срамната фотографија ја објавила на Твитер.

За да биде уште подраматично одмаздољубивата девојка го хакнала неговиот профил на Твитер, ја објавила фотографијата од негово име и напишала:

ragbist

„ Пред да се извинам, да кажам дека ова е причината зошто ме остави девојка ми, чие што име го имам истетовирано на левата рака“.

Рагбистот ја избришал фотографијата кога сфатил дека е хакнат и не се појавил во јавноста за да го искоментира скандалот.

- Реклама -