Суперкомпјутер се натпреварува против луѓе (видео)

Ватсон на квизОвој февруари, суперкомпјутерот од IBM, наречен „Ватсон“, ќе започне да се натпреварува против поранешни шампиони на американскиот телевизиски квиз “Jeopardy” за награда од еден милион долари. И како што може да се види од тестот, може да се очекува само еден крај.

Суперкомпјутерот Ватсон, претставен од монитор, лесно успеа да одговори на повеќето прашања, побрзо од неговите конкуренти. Експертите велат дека поминале четири години во развивањето на системот кој ќе се спротистави на човечката способност да одговара прашања поставени со нормален јазик брзо, точно и со самодоверба.

{youtube}WFR3lOm_xhE{/youtube}

Претставник на IBM изјавил: „Квизот претставува врвен предизвик бидејќи за одговарање на многу од прашањата е потребно анализирање на суптилни значења, иронија, загатки и други проблеми кои се едноставни за луѓето но со кои компјутерите отсекогаш имале потешкотии. Способноста на Ватсон да го разбере значењето и контекстот на човечкиот говор, и брзо да ги процесира информациите за да најде точен одговор на комплицирани прашања, има голем потенцијал за трансформирање на начинот на кој компјутерите им помагаат на луѓето да ги извршат нивните задачи“.

- Реклама -