Бендот Суперхикс го претстави новиот сингл насловен „После толку години“, а со тоа го најавија и новиот албум кој би требало да излезе најдоцна до средината на идната година.
Во албумот ќе бидат сместени и првите два синла „Мајмуни“ и „Мики ли“.
„После толку години“ е комплетно авторско дело на бендот, а се снимаше минатиот месец во студиото „Марифет“ на Ивица Јанкуловски.
Уживајте!