Деведесет и деветгодишната Дорис Лонг од Велика Британија се спуштила со јаже од зграда висока 35 метри.
Супербабичката се одлучила на овој чекор како би поставила нов светски рекорд и воедно да го прослави својот 99 роденден. Патем собрала и средства за добротворни цели.
„Беше возбудливо”, изјавила Дорис за BBC откако се спуштила на земја, додавајќи дека најмногу се радува на роденденската журка со фамилијата и пријателите.
Во слични подвизи учествувала веќе 8 пати.