Отклучи ги попустите и подароците на Foursquare Super Swarm Фестивал

Најмалку 250 корисници на социјалната мрежа foursquare ќе треба да се чекираат во ТЦ Рамстор на 4-ти декември 2011 во периодот од 13:00 до 16:00 часот за да го отклучиме Super Swarm беџот, и воедно да го одбележиме првиот Foursquare Super Swarm фестивал во Македонија и на Балканот. Секој кој ќе се чекира ја отвора можноста за добивање бесплатна веб камера, маица со Super Swarm беџот, бесплатен паркинг, вредносни ваучери и многу други попусти.

Foursquare e сервис за социјално вмрежување чија основа е локацијата (преку ГПС) и се користи најчесто на мобилните уреди, односно паметните телефони. Корисниците на foursquare се чекираат на одредени места и добиваат поени, дигитални беџови и попусти од локалните бизниси. Повеќе за foursquare…

Во февруари оваа година, 365.com.mk организираше собир на кој беше отклучен Swarm беџот. Оваа година, заедно со Интернет агенцијата NewMediaMK и ТЦ Рамстор го организираме првиот Foursquare Super Swarm фестивал на Балканот.

За да учествувате на Super Swarm фестивалот и да ги отклучите попустите и подароците, чекирајте се на 04.12.2011 помеѓу 13 и 16 часот во ТЦ Рамстор и во тој период не се чекирајте на ниту една друга локација.

{youtube}m2E4YhKCR7w{/youtube}
Повеќе детали за настанот можете да прочитате на www.swarm.mk. Веќе има 12 понуди, но се надеваме на уште повеќе до недела.

Се гледаме во Рамстор на 4-ти декември 😉

**********************

Super Swarm беџот е отклучен!

{vimeo}34273022{/vimeo}
Super Swarm беџ

Повеќе на www.swarm.mk

- Реклама -