Откријте ги најдобрите места околу вас со Foursquare

Со присутноста на големата интернет фрагментација и одалечувањето на генерациите поради технологија, социјалните мрежи се трудат произволно да го закрпат општеството нa уникатен сајбер начин. Можеме слободно да кажеме дека денес секој има Facebook, а повеќето знаат што е Twitter, како и што нудат овие две социјални мрежи. Foursquare, од друга страна, има комплетно латерален пристап кон целиот поим и концепт, малку познат за луѓето без интерес за мобилни уреди.

foursquare

Со присутноста на големата интернет фрагментација и одалечувањето на генерациите поради технологија, социјалните мрежи се трудат произволно да го закрпат општеството нa уникатен сајбер начин. Можеме слободно да кажеме дека денес секој има Facebook, а повеќето знаат што е Twitter, како и што нудат овие две социјални мрежи. Foursquare, од друга страна, има комплетно латерален пристап кон целиот поим и концепт, малку познат за луѓето без интерес за мобилни уреди.

Foursquare е најновиот интернет феномен кој спаѓа во категоријата социјални мрежи, со преку 4 милиони корисници денес. Сервисот е location-based или едноставно кажано, нуди преглед на места/локали обележани од други корисници, со помош на GPS и Google Maps. Под места (тука наречени Places или Venues) се подразбира секое кафуле, бар, клуб, дискотека, продавница, сендвичара, ресторан, кафеана итн. Кога ќе посетите некое место (дали ќе купите нешто или ќе седнете на пијачка), апликацијата ви покажува каде сте на мапата и нуди можност да направите Check In со што се отвораат повеќе опции за користење.

Check_in

 

Апликацијата работи исклучиво на мобилен телефон, и е достапна на Apple, Android и Blackberry оперативните системи. Дополнително, сите информации се прикажани и на корисничкиот панел, на кој можете да пристапите преку вашиот веб-прелистувач каде ќе ја прегледате целосната историја на посетените места, вашите пријатели и нивните посети, значки, Mayorships, бодови итн.

simpsons-mayor-quimby

badges

За да станете Mayor, односно „градоначалник“ на некое место треба да имате повеќе посети од било кој друг. Тоа е титула која може да ја има само еден човек и се губи ако некој друг ги надмине тие посети.

Значките се посебен дел од сервисот, а функционираат како достигнувања во вид на игра. Можете да добиете значка за 10, 25 или 50 различни посети, 30 посети во еден месец, итн. На следниот линк можете да ја видите целосната листа на сите активни значки (и дополнително тука).

Shout

stats

Кога ќе направите Check In, можете да изберете дали сакате да го споделите тоа со вашите Foursquare пријатели или пак со социјалните мрежи Facebook и Twitter. Исто така, за секое место има информации кој е присутен во моментот, локација на Google Maps како и Tips (совети).

Советите (Tips) се напишани од луѓе кои биле на тоа место и сакаат да искажат нешто во врска со него. Дали е тоа совет за добро јадење во ресторан или искажување незадоволство од услугата, оваа опција отвара можности инстантно да дознаете за позитивните или негативните карактеристики на едно место, а воедно и за промовирање на локалните бизниси.

PlacesMap

Ако сте излезени на прошетка и сакате да знаете каде има најевтини пијалаци или пак највкусен стек, Foursquare нуди можност за преглед на локалните совети околу вашата позиција, со што многу ќе ви го олесни изборот.

Единствена видлива маана кај оваа апликација е тоа што има простор за мамење. Можете да направите Check In на некое место иако не сте ни влегле таму или пак да се пријавите повеќе пати во рок од неколку минути. Затоа ако сакате да ја почувствувате забавата што ја предизвикува оваа апликација ќе треба да имате осет за фер игра.

Технологијата на Foursquare е солидна, особено со можноста за споделување преку Facebook и Twitter, која ако ја прифатите ќе ви пружи забава, пријателства и константно откривање на нови места.
{youtube}DFXzyJ8mUh4{/youtube}
{youtube}cib1Mnl2Kfc{/youtube}
Појдете на foursquare.com/365commk за да погледнете совети од нашите автори за кафулиња, ресторани, кафеани, клубови и други локации!Воедно, следете нè на Foursquare  каде објавуваме новини поврзани со мрежата, најнови значки и како да ги отклучите!

Вашите совети за интересни места испраќајте ги (со линк до местото) на editor[на]365.com.mk

365-foursquare-soveti
[foursquare.com]

- Реклама -