Иако Супер Марио е можеби веќе подзаборавена игра, постоеше време кога беше најпопуларната игра на светот. Една цела генерација на видео гејмери порасна со Супер Марио, а сега дојде времето кога и самиот Марио порасна.
Иако Супер Марио е можеби веќе подзаборавена игра, постоеше време кога беше можеби најпопуларна игра на светот. Една цела генерација на видео гејмери порасна со Супер Марио, а сега дојде времето кога и самиот Марио порасна.
Кога се зборува за важноста на видео игрите, едно е сигурно: Супер Марио не е обична видео игра. Тој е дефиниција за видео игра. Тоа е Марио. Без разлика дали Марио го гледаме како доктор, водоводџија или пилот – тој е најпрепознатливото лице во индустријата на видео игрите. Игрите со Марио се едни од најпродаваните и најдобро признаените во историјата на Нинтендо. И кога другите компании ги збогатуваат своите ликови со нови облеки или моќи, Марио секогаш си остана ист. Сѐ уште носи црвени комбилизонки, има смешни мустаќи и си го ризикува животот за да ја спаси невнимателната принцеза.
Како започна сѐ? Марио првпат се појави во играта Donkey Kong во 1981, но тогаш немаше име. Mario Bros. играта првпат се појави во 1983 – и таа игра го направи Марио толку популарен. И од сите игри со Марио, првата негова игра – Mario Bros. е најдобрата и најомилена меѓу играчите.