Наместо да купувате хемиски средства за убоди од инсекти, може да си помогнете со нешто што сигурно го имате дома – лажица.
Со потоплите денови доаѓаат и инсектите. За жал некои од нив не се пријателски расположени кон луѓето. Посебен проблем е тоа што некои се пречувствителни и на убодите реагираат со послаби или појаки алергиски реакции.
Но, сепак има лек. Наместо да купувате скапи и штетни хемиски средства, може да ви помогне лажица.
Кога ќе ве касне инсект загрејте ја лажицата во што потопла вода, држете ја околу 2 минути, а потоа нанесете ја на местото на убодот.
Притиснете што поцврсто и држете неколку минути. Кога ќе ја тргнете, отокот би требало да биде помал, а не би требало и да ве чеша. Овој метод најдобро делува кај убод од комарец.