Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон сѐ уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.
„Сѐ уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање.
„Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија“, додаде тој.
МИА