Судија свирна крај при постигнување гол, мора да ја играл Х

Фудбалерите на Унион Берлин ремизираа на гости против Билефилд, а судијата да причекаше барем уште 2 секунди, и да не свирнеше крај како на избагирана ФИФА 1998, ќе се вратеа дома со цели три бода.

Дали ја имал Х во кладилница или не, не знаеме, како и да е има други методи за местење натпревари, ова би му дошло многу очигледно.

Гостинските играчи, нормално шокирани од одлуката на судијата, протесираа, ама џабе …

- Реклама -