Судија кој требаше црвениот картон да си го покаже сам на себе

На натпреварот помеѓу Нант и ПСЖ, со голот на Ди Марија ПСЖ славеше и ја задржа убавата предност пред Монако. Но, ретко кој прави муабет за головите и бодовите. Центарот на вниманието, за жал не го привлеќе фудбалот, туку судијата Тони Шапрон.

Имено во е еден од нападите на гостите, во последните минути од натпреварот, судијата буквално му влезе во линија на движење на Карлос Диего, при што предизвика контакт кој бразилецот дефинитивно не го очекуваше. Додека судијата се тркалаше дури и намерно го шутна играчот на Нант,баш онака подмолно, како што не треба тоа да го прават фудбалерите, а камо ли судиите.

Карлос Диего доби жолт картон, кој му беше воедно и втор на натпреварот и мораше да ја напушти играта.

Искрено се надеваме дека ова е последниот натпревар кој овој судија ќе го суди.

- Реклама -