Судњето за „Тортypa“ по две и пол години рочишта во кривичниот суд, се враќа на почеток. Судија – поротник од советот си дал отказ, што е една од причините за еден судски процес да се врати на повторно судење.
Според законот за кривична постапка, судскиот процес ќе треба да почне од воведни зборови, одново да се изнесат доказите, како што се прислушуваните разговори и телевизиски снимки како „алфите“ во 2011 година го апсат Љубе Бошкоски. На досегашните главни расправи, при изведување на доказите, беше кажано дека Бошкоски бил двапати сниман од телевизиските камери. Второта апсење било зашто првите снимки не биле многу ефектни. Истите сведоци, повторно ќе бидат викнат да сведочат за случајот „Topтypa“.
Во овој случај се обвинети поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, тогашниот командант на „алфите“ Ивица Антевски викан Пуки и уште петмина припадници на „алфите“.
Судњето го почна Специјалното обвинителство, а сега е под капата на редовното обвинителство. Предметот продолжи да го застапува обвинителот Љубомир Лапе, кој беше дел од СЈО.