Репрезентативецот на Уругвај, Луис Суарез сака да остане во Ливерпул поради љубовата што му ја покажале фановите на клубот.
Минатата недела, напаѓачот изјави дека сака да се пресели во Арсенал, и ги обвини лидерите на клубот дека не си стојат на зборот откако минатото лето му било ветено дека ќе може да замине доколку Ливерпул не играат во Лигата на Шампионите.
’Црвените’ негираа дека дале вакво ветување, менаџерот Брендан Роџерс го обвини играчот дека покажал непочитување и го испрати да тренира со младинците се додека јавно не се извини.
Во прв момент медиумите најавија дека напаѓачот нема намера да се извини бидејќи одлучно посакува да се пресели на Емирати Стадионот.
Сепак, Луис Суарез се придомисли, сака да остане на Енфилд, а како главна причина за ваквиот потег се фановите на Ливерпул.
Уругвајскиот весник El Observador го цитира напаѓачот како вели: „За сега, поради љубовата што ми ја покажаа фановите, ќе останам”.
Претходно, почитуваниот новинар на GolTV, Марин Чаркеро на својот Твитер напиша: „Луис Суарез ми потврди дека нема да замине од Ливерпул. Поддршката што ја добил од фановите во последните неколку недели влијаеле на неговата одлука”.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал