Суарез сака да игра покрај Роналдо

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез вели дека посакува да игра покрај Кристијано Роналдо, но признава дека во моментов тоа е малку комплицирано.

Репрезентативецот на Уругвај минатиот месец изјави дека сака да замине од Енфилд, Луис Суарез го посочи нефер третманот што го добивал од медиумите како клучна причина за неговата ваква одлука.

Реал Мадрид се посочува како една од можните дестинации на напаѓачот, се говори дека ’Кралевите’ се подготвени да платат преку 40 милиони евра.

Во разговор за медиумите од Уругвај, Суарез повторно ги подгрева шпекулациите за трансфер на Сантијаго Бернабеу велејќи дека посакува да игра покрај Кристијано Роналдо.

„Секако дека би сакал да играм покрај Кристијано Роналдо, тој е одличен фудбалер” – рече Суарез.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

„Никогаш не знаете што ќе се случи, но ова е малку комплицирано”.

„Во моментов тој е во Мадрид а јас сум во Ливерпул и не знам што ќе се случи во иднина”.

Напаѓачот исто така проговори и за инцидентот со Бранислав Ивановиќ за кој доби суспензија од 10 натпревари.

„Знам дека погрешив, вината е моја, тој не ми стори ништо” – рече Суарез.

„Бев гневен бидејќи направив пенал играјќи со рака. Јас бев причината за пеналот против мојот тим, ги загубив нервите и комплетно се изгубив. Неможам да објаснам што навистина се случи и жал ми е за инцидентот”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -