Хонг Конг е еден од најнаселените мегаполиси во светот во кој секој станбен квадратен метар е бесценет.
Со цел да се оптимизира просторот, LYCS Architecture проектира студентски дом составен од 48 мали станови, со тоа што секое мини живеалиште се одликува со индивидуален ентериер.
Ви претставуваме еден од овие студентски станови, кој е голем само 27 квадратни метри, но има сè што е потребно за да може во него удобно да живеат двајца студенти.
Да видиме како е искористен секој станбен сантиметар.