Студентите сметаат дека не е добро да се има многу секс

Што мислите, каква е поврзаноста помеѓу преактивниот сексуален живот и општествениот статус? Можеби сметате дека студентите кои имаат многу секс се фраери, а студентките со повеќе партнери – лесни женски, но времињата се менуваат и веќе ништо не е како порано.

Истражувањето спроведено меѓу 19.000 студенти од дури 22 факултети на Универзитетот во Илиноис, покажа дека младите не гледаат со благонаклоност кон оние кои имаат премногу секс во својот живот. Покрај тоа, мнозинството ги смета ваквите личности за одбивни и нема особена почит кон нив. Исто така, она што е подеднакво важно, многу мал број на студенти прават разлика дали притоа се работи за машка или женска личност.

Студентите требало да дадат свои видувања на две тврдења: „Ако жените се гледаат со многу мажи, помалку ги почитувам“ и „Ако маж се гледа со многу жени, помалку го почитувам“. Дури 48 отсто од учесниците одговориле дека подеднакво малку ги почитуваат и мажите и жените кои промениле многу партнери, а само 12 проценти од нив посочиле дека имаат двојни стандарди, односно помалку почит кон жените со многу партнери, но повеќе почит за мажите со бурен сексуален живот. Тринаесет проценти рекле дека помалку ги почитуваат мажите кои имаат многу партнерки, а 27 проценти покажале разбирање и висок степен на толеранција бидејќи според нив, не може на една личност да и’ се суди врз основа на бројот на сексуални партнери.

school-lovers

Разлики меѓу машките и женските испитаници

Исто така, се покажа дека машките и женските студенти се разликуваат во своите ставови. Така, 35 проценти од машките анкетирани, чувствуваат недостаток на почит за лица од двата пола кои менуваат многу сексуални партнери, а истото ова го мислат дури 54 отсто од студентките. Но, кога станува збор за двојни стандарди, во поглед на честото менување на партнери, 25 отсто студенти повеќе ги осудуваат жените отколку мажите, додека кај женските студенти ваквиот став го застапуваат само 6% од испитаничките.

Студијата ги земала предвид и религиозните погледи на испитаниците, па така се покажа дека католиците го осудуваат промискуитетот кај обата пола, додека најнеутрални во овој поглед се будистите, евреите и атеистите.

Исто така, хетеросексуалците далеку повеќе го осудуваат незадолжителниот секс, за разлика од хомосексуалците и бисексуалците.

- Реклама -