19-годишниот Ти Џеј, кој студира на Универзитетот во Хјустон, со месеци успевал да избегне плаќање казни за недозволено паркирање, и покрај тоа што недозволено паркирал. Како? Така што на бришачите си закачувал стара казна за паркирање.
Според Buzzfeed, Ти Џеј имал 100% успех со форава, и сé тоа благодарение на негов пријател, кој намерно не ја платил казната за да ги избегнува тие во иднина.
Малку е сомнително што Ти Џеј одлучи да го сподели својот „изум“ на Твитер, ама тоа и не мора да значи дека конечно му ја фатиле фората (може само почнал прописно да паркира, или можеби веќе нема кола?).
Наш впечаток е дека ова на Балкан тешко поминува; тука секој гледа да направи ујдурма, а секој друг, да не му направат.