Стрикерска љубовна приказна (видео)

Стрикерка Стрикерите се нудисти кои уживаат да истрчуваат голи на спортските терени, кога на нив се одржуваат натпревари. Еве што се случува кога нешто, освен очигледната љубов кон голотијата, ќе спои двајца обични стрикери…

Стрикерите се нудисти кои уживаат да истрчуваат голи на спортските
терени, кога на нив се одржуваат натпревари.

Скот Расел е стрикер од Австралија. Ема Шредер е стрикерка од Америка. Тие не се знаеле меѓусебно, сè додека некој на нивните веб страници не забележал дека имаат исти кучиња. Тоа било нештото што ги споило, започнале да комуницираат, а по кусо време и се вљубиле еден во друг. Проблемот бил во тоа што ниту едниот немал доволно пари за да отиде кај другиот и да се сретнат. Затоа, BelieveInDestiny.com покренал акција за собирање пари со кои ќе се овозможи среќен крај на оваа љубовна приказна. Првата средба им била, каде ако не на фудбалски натпревар.

Еве што се случува кога
нешто, освен очигледната љубов кон голотијата, ќе спои двајца обични
стрикери…

{youtube}qtmdGMPgU7I{/youtube}

- Реклама -