Стресот влијае на квалитетот на спермата

Стресот влијае на квалитетот на спермата и влијае врз ејакулацијата, концентрацијата на сперматозоидите и нивната способност да ја оплодат јајце клетката, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во Сајанс дејли.

Истражувањето на Пем Литвак од Колумбискиот универзитет во Њујорк и нејзините колеги опфатило 193 мажи на возраст меѓу 38 и 49 години. Учесниците решавале тестови за да се проучи нивната работа и чувството за стрес од субјективна гледна точка – да се утврди како се чувствуваат, и од објективна гледна точка – да се земат предвид настани кои стојат зад почувствуваниот стрес. Освен тоа, научниците зеле примероци од сперма на учесниците.

Резултатите покажуваат дека вкупно гледано, стресот и стресните настани, надвор од работното место,  го влошуваат квалитетот на спермата. Стресот на работното место се чини не е ризичен фактор, но научниците мислат дека тој исто така може да влијае врз репродуктивните способности, бидејќи мажите, чија што работа е напната, се со пониски нивоа на машкиот хормон тестостерон.

„Невработените мажи се со послаб квалитет на спермата во споредба со вработените, без разлика колку стрес имаат -истакна Литвак. – Стресните мажи е поверојатно да имаат ниска концентрација на сперматозоиди при ејакулација и нивните сперматозоиди да се деформирани или со намалена подвижност. Ова може да доведе до проблеми со плодноста. “

Научниците признаа дека не се сосема свесни како стресот влијае на квалитетот на спермата.

 

- Реклама -