Стража, Плетвар, Ѓавато, новиот автопат … патиштата под снег и голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа речиси низ целата територија на државата. На повисоките планинските премини Стража, Плетвар и Ѓавато сообраќајот е отежнат и препорачуваме исклучителна внимателност, поради појава на голомразица – информираат од АМСМ.

На патнитe правци Гостивар – планински премин Стаража – Кичево и обратно и крак Маврово – Дебар и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Неисчистени улици, завеани патишта, блокирани пристапи до локалните патишта и до селата… iи новиот автопат кон Грција е целосно под снег. Слична е ситуацијата и на останатите патишта. Снегот повторно ги изненади надлежните служби и ги остави граѓаните сами да се справуваат со невремето и обилните врнежи со снег кои изминативе два дена ја зафатија земјава.

ВИДЕО: МАКФАКС

- Реклама -