Стравувањата од нови американски напади врз Иран ги крена цените на нафтата кон 118 долари

Цените на нафтата пораснаа во петокот на меѓународните пазари кон 118 долари, а стравот на трговците од можен нов американски напад врз Иран по изборите за Конгресот и „температурата“ во Хормуз се зголеми.

2
Стравувањата од нови американски напади врз Иран ги крена цените на нафтата кон 118 долари
Фото: Нетпрес

Во Лондон, со барелот за испорака во декември попладнево се тргуваше по цена од 2,79 долари повисока отколку на вчерашното затворање на тргувањето, на 117,67 долари. На американскиот пазар барелот беше поскап за 2,30 долари и изнесуваше 104,30 долари.

Засебните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) покажаа дека барелот од референтната нафтената кошничка на нејзините членки во четвртокот поевтинил за 1,88 долари, на 112,85 долари.

Реклама

„Нафтените пазари се вознемирени пред изборите за Конгресот во САД. Некои инвеститори и аналитичари очекуваат американските сили повторно да го нападнат Иран по изборите“, коментираше аналитичарот на „Saxo Bank“, Оле Хансен.

Американците излегуваат на гласачките места за изборите за Конгресот на 3-ти ноември.

Американскиот претседател Доналд рамп, претходно овој месец изјави дека нови напади врз Иран не се планирани пред изборите. Во петокот, Трамп изјави за радио станицата KCMO во Канзас Сити дека војната со Иран наскоро ќе заврши, без да прецизира како тоа ќе се случи.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, во петокот изјави дека напредокот во разговорите за завршување на војната зависи од тоа дали Иран ќе ги прифати неговите услови, кои јасно им беа изнесени на медијаторите во неколку наврати, објави новинската агенција Mehr.

Реклама

Трговците беа вознемирени и од новиот напад врз танкер во Хормуз за време на викендот. Танкер беше оштетен во петокот во напад со експлозивни направи прикачени на него од мал брод, соопшти Организацијата за поморска трговија на Велика Британија (UKMTO). Не беше веднаш јасно кој го извршил нападот.

Ова беше првиот познат успешен напад со вакви средства во Хормускиот теснец откако САД ја започнаа војната со Иран во февруари, изјавија извори од индустријата за Reuters.

Во четвртокот Корпусот на чуварите на исламската револуција (IRCG, попозната како иранската Револуционерна гарда) одделно објави дека четири танкери налетале на мини во Хормуз, оспорувајќи го тврдењето на американската војска дека примарните рути се расчистени.

„Продолжената кинетичка активност во близина на Ормутскиот теснец ги зголемува сомнежите за одржливо дипломатско решение и ова ги држи цените високи во очекување на ескалација на конфликтот во наредните недели“, вели Саул Кавоник од компанијата „MST Marquee“.

Катарските медијатори повторно пристигнаа во Техеран во петокот како дел од координираните напори на САД и Иран да постигнат договор за прекин на конфликтот, изјави неименуван функционер за Reuters.