Стратегија на ДУИ за Талат Џафери да стане претседател?

Откако ДУИ најави дека идејата за консензуален кандидат за претседател паѓа во вода и дека партијата ќе оди со свој самостоен кандидат на претседателските избори, проценките во политичките кругови се дека шансите за недоволен одзив на изборите значително пораснаа, пишува „Независен“.

Самостојниот настап на ДУИ би можел да ги расцепка гласовите во првиот круг, а со евентуален тивок бојкот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг сосема реални би биле шансите претседателските избори да пропаднат.

Зошто тоа би ѝ одговарало на ДУИ?

Како што објасни претседателот на Собранието – Талат Џафери, во случај да не биде постигнат цензусот од 40% излезност во вториот изборен круг, изборите ќе се сметаат за неуспешни, а постапката за избор на претседател ќе се повтори во рок од шест месеци. Пропаѓањето на изборите ќе значи дека претседателската функција би ја презел токму Џафери, истовремено останувајќи и на позицијата претседател на Собранието. Неговото претседателствување дополнително би се одолговлекувало ако се остварат најавите за уставни измени за промена на изборниот концепт за шеф на државата, што би значело дека ДУИ значителен период ќе ги има под контрола двете формално највисоки функции во државата.

Прочитајте и:  ДУИ: Промената на балансерот да го одразува само резидентното население е јасен обид да се маргинализира албанската заедница

Функционери од СДСМ се сомневаат и во други причини за повлекувањето на Али Ахмети од идејата за консензуален претседател. Целата анализа на Александра М. Митевска прочитајте ја на „Независен“.

- Реклама -