Руските напади во текот на ноќта оставија стотици илјади Украинци без струја, соопштија регионалните власти денеска, откако Киев предупреди за „масовен“ руски напад врз украинската енергетска инфраструктура.
„Досега, 523.000 претплатници во регионот Лавов се без струја“, објави регионалниот шеф Максим Козицки на социјалните мрежи.
Властите соопштија дека 280.000 луѓе немаат струја во западниот регион Ривне и уште 215.000 во регионот Волин.