Стоматолошка комора: Ние го браниме законот и член 132

„Преземените чекори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се во насока на заштита на нашата професија и пропагирање на принципот на рамноправност за сите стоматолози.

Комората ги заштитува своите членови, но не надвор од законската регулатива“, вели претседстелката на комората проф. д-р Марија Накова.

Стоматолошката комора на Македонија се постави на страната на законот. Официјалното тело на стоматолозите се произнесе по повод последните случувања со докторите чии дозволи беа одземени.

Тројца стоматолози останаа без докторска лиценца и добија отказ од јавното здравство заради паралелно вршење на стоматолошка дејност во јавното здравство и во приватни здравствени ординации.

„Стоматолошката комора на Македонија по својот статут и дефиниција е здружение кое ги брани интересите на стоматолозите, стручноста, етичките должности и права, го подобрува квалитетот на стоматолошката здравствена заштита. Но исто така, наша цел е следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради заштита на интересите на стоматолошката професија“, изјави претседастелката на комората проф. д-р Марија Накова на денешната прес конференција.
Заради одбрана на принципите, комората ја прифати препораката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој преку својата акција досега откри три случаи на работа во јавно и приватно здравство и комората во рамките на своите надлежности го примени членот 132 од Законот, додека Државниот санитарен и здравствен инспекторат упати прекршочни пријави против докторите, стоматолози.

„Преземените чекори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се во насока на заштита на нашата професија и пропагирање на принципот на рамноправност за сите стоматолози. Комората ги заштитува своите членови, но не надвор од законската регулатива“, вели проф. д-р Марија Накова.

Стоматолошката комора брои 3500 членови, доктори, стоматолози со лиценци.

 

- Реклама -