Столтенберг: Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен во последните 10 години

Светот стана поопасен, но НАТО стана посилен во последните десет години, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Тоа што ги карактеризира овие десет години е свет кој стана поопасен и непредвидлив. Тоа е најлошата вест. Добрата вест е дека НАТО стана посилен“, рече Столтенберг на јавен состанок што се одржа под покровителство на Норвешкиот Атлантски Комитет, во Градското собрание во Осло каде ги сумираше своите десет години како генерален секретар на НАТО, објави норвешкиот портал Нетависен.

Прочитајте и:  Русија предупредува: Западот ќе добие „ислучително болен“ одговор
- Реклама -