Стојанче Ангелов за споменикот во Слупчане: Тие нека си ги чествуваат нивните, ние да си ги чествуваме нашите

„Свеченото отворање на 20 метарската спомен кула на УЧК во Липково на кое присуствуваа и Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Фатмир Бесими, Бујар Османи и други високи претставници на владата, собранието и на ДУИ, колку и да не му се допаѓа некому, треба да биде пример за Македонскиот државен и политички врв како треба да се чевствуваат македонските Бранители од 2001-та кои го дадоа својот живот бранејки ја татковината. Чевствување на загинатите,но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски Бранители кои на било кој начин и во било кој обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година“, напиша на Фејсбук претседателот на „Достоинство“ (и директор на Центарот за управување со кризи) – Стојанче Ангелов.

„За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001-та, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад. Останува уште, на овој наш споменик на Бранителите од 2001-та, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв“, посочи Ангелов.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Тој повика да не се крева непотребна меѓуетничка тензија поради новиот споменик на УЧК, потенцирајќи дека тој лично, како непосреден учесник во одбраната на земјата во 2001 година, може само да им честита на наследниците на УЧК (ДУИ) за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови.

„Тие нека си ги чевствуваат нивните, ние да си ги чевствуваме нашите загинати, а сите заедно да дадеме сѐ од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир“, порача Ангелов, потенцирајќи дека во Македонија има безмалку стотина достоинствени споменици, спомен обележја и значајни објекти кои ги носат имињата на загинатите македонски бранители од 2001-та.

- Реклама -