„Ништо, што да ти кажам. Значи, ова… Ова… Ќе кажеш еднаш се дешава, али ете, вторпат нас ни се случи“, почнува Стоилов во изјавата за Balkan Handball по завршувањето на мечот со Веспрем во кој Вардар ја освои втората шампионската титула.
„Да не се повторувам, горд сум што сум дел од оваа екипа. Секој ден е различен со овие момци, сите се легенди, во буквална смисла на зборот. Не знаеш кој ќе откачи во денот. Вечерва знам дека сите ќе откачат и слободно со нас ако сакаш“, со насмевка одговори Столе.
Прашан за тоа што ги очекува ракометарите во деновите што следат, Столе вели дека не се спремни:
„Ќе биде лудило, не знам. За тоа не сме спремни. Ај за Келн се спремаме, видео глеаме… Знаеме што ќе биде у Скопје, ама ЗНАМ дека не се спремни. Ќе биде страшно лудило. Ќе има многу луѓе на плоштад, и медиумски, и на интернет… Не знам, треба да се доживее тоа“.
Прашан за тоа која титула е подрага, Стоилов ја избира оваа што е потазе, вчерашната:
„Да, оваа титула е подрага, но не може да се спореди со првата. Тогаш уште не знаевме што е Келн, што е Фајнал фор. Сега дојдовме третпат, веќе знаеме како да се однесуваме и во хотел, што, каде, како… Полесно беше оваа година, но за цела година и сè што поминавме, ова е наградата“, заврши Стоилов, дозволувајќи му и на новинарот да го бакне трофејот, откако тоа го направи самиот тој.