Стоилковски: Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени

„Димитар Ковачевски ден поскоро да го достави на гласање во Парламентот прашањето за уставни измени, да се види дека нема мнозинство и да се распишат избори. Истовремено до Собранието да ја поднесе и потпишаната оставка“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со таков чекор Ковачевски ќе си ја реализира оставката, партиските комисионери нема повеќе да земаат скапи хонорари, а државата ќе спаси пари од буџетот од натамошни крадење од власта“, истакна портпаролот на партијата – Наум Стоилковски.

„Наводните експерти коишто работат на измени без мандат од Собранието се исполнувачи на партиски желби и идеи кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија“, повторија од партијата, потенцирајќи, уште еднаш, дека уставни измени нема да има.

Прочитајте и:  ЕК: Северна Македонија посветена на членството во ЕУ, но потребни се суштинските реформи и напредок во уставните измени

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат. Тоа е и став на 90 проценти од народот, тоа е став и на дел пратеници од СДС.

Македонските евроинтеграции нема да се претворат во асимилација и бришење на македонскиот идентитет, култура и историја“, порача Стоилковски.

- Реклама -