Видео што покажува како изгледа да се наоѓаш во центар на пожар во кој загинаа 83 лица во грчкото село Мати, се појави на Интернет.
Според грчките медиуми, човекот што го снимал видеото во паника ја отворил вратата и излегол од неговата куќа за да ја внесе мачката, но ветерот ја треснал вратата и тој повеќе не можел да се врати назад во куќата.
Така тој останал пред куќата, потпрен до ѕидот, додека огнот голтал сè пред него со огромна брзина.
Пожарот бил толку блиску до него што се поставува прашањето како воопшто преживеал, искри може да се видат на снимката и се слуша ветер што дува со голема брзина.
ФОТО: видео
https://www.facebook.com/hayabusagr/videos/10157518660997786/