Што е ново во iOS 6

Apple го претстави iOS 6 што значи дека можете да направите апдејт. iOS 6 нуди долг список нови функции, вклучувајќи и интересни елементи како системска интеграција на Facebook, новата апликација Passbook, генерално покорисна Siri итн.

Но додека iOS 6 нуди неколку нови работи, не секој корисник ќе има пристап до нив. Има некои функции кои се специфични за одредени направи па оваа табела би можела да ви помогне за ориентација, во зависност од направата која ја користите (или наскоро ќе ја користите во случајот на iPhone 5 или петтата генерација на iPod touch).

Бидете трпеливи ако апдејтот сè уште не е достапен, од Apple известија дека апдејтот е достапен, но сепак е можно серверите да бидат моментално преоптоварени.

- Реклама -