Што градат Кинезите сега?

Кинезите не се задоволни само со градење на мистериозни структури во пустина па почнале да градат чудни градби и во градовите.

Но што е овој метален прстен висок 157 метри во Фушун во североисточната провинција Лиаонинг? Најверојатно се работи за уште еден дел од кинескиот градежен проект. Овој прстен е направен од 3000 тони челик кои ќе светат навечер – прстенот е украсен со 12.000 LED светилки.

Според претставници на градските власти на Фушун, џиновската структура е само украсна архитекутра како, како Ајфеловата Кула. Прстенот користи четири лифтови за да ги носи посетителите до врвот. Кинеските медиуми ја критикуваат градбата откако еден блогер постирал фотографии на Sina Weibo – најголемата платформа за микроблогирање во земјата. Ова не е изненадување со оглед на тоа што градбата чини 16 милиони долари.

Прочитајте и:  Павел: Нема мир во Украина без Русија и Кина на преговарачката маса
- Реклама -