Стилски начини за да ја носите бојата на годината

Според Институтот за боите „Пантон”, нијанса за 2015.година е марсала, црвеникаво-кафеава боја, инспирирана од сицилијанското вино со истото име.

Оваа заводлива боја сигурно треба да биде дел од вашата гардероба оваа година. Затоа денес ќе ви покажеме неколку стилски начини како може да ја носите.

Марсала е богата боја, па нема да ви биде тешко да ја комбинирате. Таа се комбинира одлично со сина, сива, беж, црна и бела боја.

Еве ги нашите предлози:

Панталони во Марсала

1

Изберете панталони во оваа боја и комбинирајте ги со бела блуза / кошула и кафени чизми / чевли.

Како акцент

2

Оние од вас кои не сакаат да претеруваат со оваа нијанса, можат да се обложат на тоалета во неутрална боја (црна, бела) и да ја разубават со торба или капа кон бордо.

За нагласување на облека

3

Ако пак сте вљубени во оваа боја, сигурно треба да набавите јакна, капут или друга облека со нијанса на марсала. Се разбира, тоа значи да ја комбинирате со чевли и торба во иста нијанса.

Од глава до петици

4

Последниот ризичен предлог е да се облечете од глава до пети во бојата на трендот за оваа година.

- Реклама -