Студент од Абердин – Рури Греј, сакајќи да се пошегува, оставил ананас во галеријата на универзитетот Гордон. Подоцна открил дека неговиот „експонат“ е вклучен во изложбата.
„Целта беше да видиме колку долго ќе остане пред да го тргнат“, вели Греј, студент по менаџмент и информациони технологии, неверувајќи дека воопшто е можно ананасот да стигне до официјалната изложба.
Откако го оставил ананасот на празно постолје, четири дена подоцна се вратил со група пријатели, и го нашол во стаклена витрина, како да е експонат. Вели дека биле воодушевени и дека 10 минути не можеле да прекинат со смеење.
Како што стоело во најавата, изложбата под наслов „Погледни повторно“ имала за цел да ги предизвика посетителите да ги погледнат местата и просторот околу нив со нови очи.
Изгледа дека ем никој не „погледнал повторно“, ем тоа новите очи нешто биле дефектни. Но не е прв пат некој вака да ги извози наивните уметнички душичиња кои се спремни да бараат смисла и ако ги фрлиш во стог сено. Лани еден 17-годишен момак си ги остави наочарите на под во музеј, a луѓето легнуваа за да ги сликаат…