Само затоа што некој не умрел, а не бил вакциниран, не е аргумент дека нема потреба од вакцините. Да, звучи логично, но проблемот е што логиката и вистината се две различни нешта. По пат на логика можете да стигнете до многу погрешни заклучоци.
Во момент кога во ек е „дебатата“ околу вакцините, налетавме на Фејсбук статус што одлично го доловува ова погоре:
И уште нешто пишал момаков што сметаме дека треба да се прочита:
„Проблемот со вакцините кај нас е на две нивоа:
– недоверба кон институциите
– антиваксерските кампањи
Недовербата кон институциите е јасна после овие 27 годиини. Сега да речат дека се стемнило половина Македонија ќе оди да провери дали навистина е така. Посебно Министерството за здравство го тресеше аферата со фалц лековите од Сирија и Турција, афера која не е решена и веројатно уште си тече бизнисот само што сега наместо во ВМРО парите одат кај СДСМ.
Антиваксерските кампањи се само пропаганда. Исто како што антиваксерите не ѝ веруваат на фармацијата и велат дека работи само за профит исто и антиваксерството и целото то враќање кон корените и њу ејџ глупости се индустрија. Главните пропоненти земаат пари за да држат говори, продаваат што знам јас, камења за чистење на чакрите и слично. Друг момент е чувството на супериорност, демек еве овие не знаат ништо, а ние ја дознавме вистината. А вистината е дека и вие паѓате на пропаганда како и сите ние другите.
Важно е да се напомене дека ова е и опасност по колективниот имунитет. Ама како се опасни овие што не се вакцинирани ако си вакциниран? Со тоа што вирусот мутира, станува порезистентен и на крај џабе и вакцини. Моментално колективниот имунитет е загрозен од неодговорни лица и не знам што стана со казните ама треба да се применуваат.
Вакцините можат да се штетни. Можат. Сѐ може да е штетно. Некој може да го убие кикира ако е алергичен, некој може да настрада од парацетамол или шо јас знам.“