Startup Weekend Skopje: Место каде што можете да научите како да ја заживеете бизнис идејата

Од 19-21ви Септември 2014г. во просториите на New Man`s Business Accelerator ќе се одржи овогодишното издание на Startup Weekend Skopje!

На тридневниот настан, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите иновативни идеи, да создадат тим и да добијат интересни награди, меѓу кои и шанса за финансирање од страна на најдобрите бизнис акселератори во Македонија и странство.

Учесниците ќе добијат уникатна можност да бидат обучувани од страна на најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и специјалисти од сферата на бизнисот, за тоа како најдобро да ги претстават своите идеи, како брзо и ефикасно да ги презентираат своите идеи пред инвеститори и клиенти, но и како од една обична идеја, да направат успешен бизнис.

ШТО ДОБИВААТ СТАРТАПИТЕ:

–       Претставете ја вашата идеја пред експертите од сферата на преприемништвото во Македонија и странство

–       Создадете тим од специјалисти кои ќе ви помогнат да ја претворите вашата идеја во успешен бизнис

–       Научете како најдобро да го презентирате вашиот проект, како да изградите МВП (Minimum Viable Product), кои се најважните работи кои треба да ги практикувате со цел да им бидете интересни за потенцијалните инвеститори

–       Претставете ја вашата идеја или проект пред најдобрите стартап инвеститори во Македонија и на Балканот

–       Обезбедете финансии за развивање на вашиот стартап бизнис.

 ШТО ДОБИВААТ КОМПАНИИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ:

– Слушнете ги најдобрите старт-ап тимови, нивните идеи и иновации

– Пронајдете го старт-апот кој може да го имплементира новото иновативно решение во вашата компанија

– Бидете во чекор со светските трендови и компании и потикнете го претприемачкиот дух и иновирањето надвор од вашата компанија

Статистика:

  • 42,8% од претпријатијата во Македонија спровеле некој тип на иновации во својата работа во периодот од 2010 до 2012 година
  • 24.7% од претпријатијата имаат воведено иновација на производ и процес,
  • 46.4% имаат воведено организациски и маркетинг иновации,
  • 18.2% истовремено имаат воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.

– Запознајте се со најдобрите експерти од Македонија и странство кои можат да ви помогнат во развојот на вашиот бизнис

– Бидите во листата на првите македонски компании кои ќе се вклучат во активното развивање на претприемачкиот екосистем во Македонија

Регистрацијата за учесници е веќе отворена на следниов линк http://www.eventbrite.com/e/skopje-startup-weekend-0914-tickets-12062674785?aff=UP+Community+Sites со цена од 1.860 ден со можност за early-bird влезница за најбрзите по цена од само 1.240 ден

До моментот потврдени поддржувачи на настанот се:

–       Зам. министерката за информатичко општество и администрација Марта Т. Арсовска,

–       Министерот за странски инвестиции Веле Самак,

–       New Man’s Business Accelerator – Македонија,

–       Man Gurvits – Angel Investor – Холандија,

–       Eleven Accelerator – Бугарија,

–       G6 – Македонија,

–       МкХост – Македонија,

–       Tesseract Interactive – Македонија,

–       LaunchHub Accelerator – Бугарија,

–       StartIT Smart Pre Accelerator – Бугарија

 Медиумски поддржувачи:

–       SocialNet.mk

–       It.com.mk

–       Fakulteti.mk

–       365.com.mk

- Реклама -